Сојузничка на убиениот претседателски кандидат од Еквадор стравува по својот живот: Секаде одам со панцир

Андреа Гонзалес / Фото AFP / AFP / Profimedia

Андреа Гонзалес, блиска соработничка на Фернандо Вилависенсио, убиениот претседателски кандидат од Еквадор сега носи панцир 24 часа на ден, стравувајќи да не и се случи истото.

Пред една недела, претседателскиот кандидат на нејзината партија Конструје на еквадорските избори оваа недела, Фернандо Вилависенсио, беше застрелан со три куршуми во главата во главниот град Кито.

Гонзалес (36) ќе остане кандидатка на партијата за потпретседател, како потпретседател на Кристијан Зурита. Таа е новинарка која истражува корупција – исто како и Фернандо Вилависенсио.

„Не дозволувам да умре наследството на Фернандо. За мене е неверојатно лично и тешко да не можам да се збогувам со мојот пријател. Носам панцир 24 часа“, рече Гонзалес за Би-Би-Си.

Вилависенсио (59), новинар и член на националното собрание на Еквадор, беше застрелан додека го напушташе предизборниот митинг во главниот град минатата среда – 11 дена пред претседателските избори. Напаѓачот бил убиен во размена на оган со полицијата, додека неколку други избегале.

Неговата смрт ја шокираше нацијата која во голема мера го избегна децениското насилство на нарко-бандите, картелните војни и корупцијата што погоди многу од нејзините соседи. Сепак, криминалот се зголеми во последниве години, поттикнат од растот на колумбиските и мексиканските нарко картели.

Кампањата на Вилависенсио се фокусирал на корупцијата и бандите, а тој бил еден од ретките кандидати што ги обвинил врските меѓу организираниот криминал и владините функционери во Еквадор.

„Ние сме на работ да станеме нарко држава. Ние сме целосно сигурни дека ова е политички атентат, повеќе од бандите и организираниот криминал. Има политичко чувство во ова, има политичка намера во ова. Три дена пред дебатата и Фернандо јасно рече дека има многу деликатни информации што ќе го променат начинот на кој овие избори се одвиваа. Тие информации никогаш не излегоа на виделина“, рече Гонзалес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот