ВИДЕО | Меган го награди Хари со сочен бакнеж на поло натпревар пред камерите на Нетфликс

Фото: YAROSLAV SABITOV/PA IMAGES/PROFIMEDIA

Принцот Хари одигра хуманитарен поло натпревар во Мајами, а по победата на неговиот тим доби страсен бакнеж од сопругата Меган Маркл. На тој единствен настан се собраа бројни познати личности и богаташи, придружувани од медиумите, а собраните пари се наменети за хуманитарното здружение Сентебале, кое принцот го основа во 2006 година за деца и млади со дијагноза на сида кои живеат во јужна Африка. Со принцот играа и познатиот аргентински поло играч и негов пријател Начо Фигуерас, а Меган натпреварот го следеше во друштво на својата пријателка, поранешната тенисерка Серена Вилијамс. И сето ова не би било ништо посебно доколку целиот настан, особено Хари и Меган, не беше цело време следен од камерите на Нетфликс.

Војводата и војвотката од Сасекс, како што открија за американскиот магазин „Харпер базар“ имаат нови проекти кои ќе се прикажуваат на Нетфликс, а еден од нив е поврзан со спортот. Откако ги напуштија кралските должности од британското кралско семејство, Хари и Меган склучија неколку договори за снимање документарни филмови.

Како што е познато, Нетфликс ќе учествува во продукцијата на две реални шоуа. Во првата, Меган Маркл, која инаку е поранешна актерка, ќе ја гледаме како готви и градинари, се дружи со своите пријателки, додека втората серија ќе го следи светот на професионалното поло, спорт кој Хари го практикува уште од детството. Ќе се снимаат врвни играчи, како и социјалната сцена што го опкружува овој спорт. Хари и Меган исто така ќе бидат едни од продуцентите на тие емисии.

Но, ова не се единствените деловни работи што ги прифатиле. Меган го лансираше брендот „Американ ривиера орчард“ (American Riviera Orchard), кој ќе продава различни органски производи од џемови до накит и книги за готвење, а ги откупија и правата за хит романот на „Њујорк тајмс“ – „Да се сретнеме на езерото“ (Meet Me at the Lake), според кој ќе се снима филм за Нетфликс.

 

ВИДЕО | Се шири снимка на интернет: Меган Маркл избрка жена која сакаше да застане до принцот Хари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот