„Со раце би те задавила бабо“: Северина може да заврши позади решетки поради закани

Северина како Саломе / Фото: Инстаграм - Северина

Позната хрватска пејачка Северина Вучковиќ поради наметливо однесување и закани наводно и се заканува затворска казна. Имено, обвинителството во Загреб наводно потврдило дека Северина Вучковиќ го сторила кривичното дело наметливо однесување и се соочува со казна затвор до три години.

Северина како Саломе / Фото: Инстаграм – Северина

Северина пред две години испратила заканувачки пораки до директорката на училиштето во кое учи нејзиниот син, Љиљана Клингер, а пораките гласеле:

„Со раце би те задавила бабо“ „Стара, куца, грда баба“, „Ќе седиш и ќе трепериш и ќе се тресеш како кривонога како што се тресев јас“.

Северина како Саломе / Фото: Инстаграм – Северина

Љиљана потоа поднела кривична пријава против пејачката до Државното обвинителство на Република Хрватска, а по мејл му се обратила на министерот Давор Божиновиќ, кому меѓу другото му напишала:

„Сериозно се плашам за мојата безбедност, Ве молам помогнете ми за, наместо предупредување на госпоѓата, да не испратиме телеграма со сочувство“.

Фото: Инстаграм

Северина во меѓувреме била пријавена и од Гордана Буљан Фландер, поранешната директорка на Поликлиниката за заштита на деца и млади во градот Загреб, поради заканувачката и наметлива содржина што ја испраќала, откако пејачката ја обвинила, заедно со над дваесет други лица, за усложнување на процесот за добивање старателство над нејзиниот син.

Потоа полицијата издала известување во кое пишувало:

„Полициски службеници на полициската управа во Загреб завршија кривична истрага против 50-годишна жена поради сомнение дека сторила прекршок опишан во член 17 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир на штета на вработен во Центарот за социјални работи Загреб, а обвинението по редовна процедура ќе биде доставено до Општинскиот прекршочен суд во Загреб“, јавува српски Блиц.

„Прегрнати“: Северина со реакција за дружбата на нејзините бивши

Северина за физичката пресметка со сестра ѝ: Жалам што ја посрамотивме мајка ми пред соседите

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот