Со нив се од времето кога немаа пари, ниту играа за познати клубови: Пандев, Нестровски и Трајковски се вистински среќници (ФОТО) – Слободен печат
ЕспресоШоу биз

Со нив се од времето кога немаа пари, ниту играа за познати клубови: Пандев, Нестровски и Трајковски се вистински среќници (ФОТО)

Надица, Мартина и Александра се дами за пример

Велат дека позади секој успешен маж стои многу силна жена. И  по се изгледа има многу вистина во ова.

Сте се запрашале зошто едни од нашите најдобри фудбалери, Горан Пандев, Илија Нестероски и Александар Трајкоски имаат успешни кариери?

Одговорот е едноставен. Позади нив стојат три успешни дами кои со нив се уште од времето кога ниту играа за познати клубови, ниту пак имаа пари.

Ова е сопругата на Горан Пандев, Надица. Двајцата својата љубовна бајка ја имаат започнато уште во најмладите години, а во брак се од 2009 . Плод на нивната љубов се трите дечиња Филипо, Ана и Софија.

 

View this post on Instagram

 

Happy Birthday zlato ❤️❤️❤️❤️

A post shared by Goran Pandev (@goranpandev19) on

Илија Нестороски или во Италија познат како Несторгол е пример за тоа дека ниту славата, ниту парите кои ги заработува не го сменија. И тој како Пандев, дели слична приказна.

Со неговата Мартина се заедно скоро 10 години, а исто така тие се родители на две прекрасни деца.

 

View this post on Instagram

 

#sreknanovagodina🎅🎄🎉 #buonanno🎉🍾#happynewyear 🎉🍾

A post shared by Ile Nestorovski 3️⃣0️⃣ (@nestoro30) on

Во 2015 година во тавче рипна и Алексанар Трајковски, фудбалерот кој неодамна потпиша за шпанска Мајорка. Негова избраничка е убавата Србинка Александра Урошевиќ со која го имаат синот Матеј (3).

 

View this post on Instagram

 

With my wife.👫❤️🍀🇨🇾

A post shared by Alex Trajkovski 1️⃣0️⃣ (@alextrajkovski8) on

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close