Случајот „Шамари Центар“ на повторно судење

Фото: МИА

Судењето за насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година денеска почна одново поради истек на 90 дена од одржување на последното рочиште.

Случајот го води судијата Душко Јосифовски, а застапник на обвинението е Фатиме Фетаи.

Обвинителката Фетаи, на почетокот на денешното рочиште, со оглед на тоа, како што рече, дека постапката трае веќе повеќе од три години, побара на обвинетиот Никола Груевски кој подолго време е во бегство да му се суди во отсуство.

Адвокатот Димитар Дангов побара, со оглед дека од последното одржано рочиште поминале повеќе од 90 дена, а и дека треба повторно да бидат изведени докази и сведоци, Судот повторно да процени кои докази се процесно важни и неважни со цел постапката што побрзо да заврши.

Бранителот Дончо Наков, рече дека се приклучува на предлогот и посочи дека со тоа што постапката почнува одново, а има измени во овластениот тужител, кој сега нема право да ги користи снимените разговори како докази, имајќи предвид дека тоа ексклузивно право го имаше единствено Специјалното јавно обвинителство, Судот треба да им дозволи да ги образложат дадените приговори по досега изведените докази.

Судот го прифати предлогот на обвинителот да му се суди во отсуство на Никола Груевски и ги одби предлозите на одбраната за одложување на расправата, за закажување посебно рочиште за образложување на приговорите по изведените докази и за новонастанатата ситуација со оглед на промената на овластениот тужител.

Обвинителката Фетаи кажа дека нема промена на обвинителниот акт и предложи изведените докази и веќе сослушаните сведоци, само да се прочитаат.

Одбраната се спротивстави на таквиот предлог и побара, со оглед на изменетата ситуација Судот да им овозможи да ги испитат сведоците.

Судот одлучи да се читаат исказите на сослушаните сведоци.

Во „Насилство во Општина Центар” обвинети се повеќе лица, меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, меѓу другите и поранечната советничка во Центар од ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот