Случајот Линекер – Слободата на говор во Британија под знак прашалник

Најпопуларното фудбалско шоу во Англија, „Мечот на денот“ кое се емитува на „Би-Би-Си“, во саботата за прв пат во својата историја се емитуваше без коментатори и гости во студиото. Тоа е последица на одлуката на „Би-Би-Си“ да го суспендира Гери Линекер, еден од најлегендарните англиски фудбалери, кој цели 20 години беше водител на оваа емисија. „Би-Би-Си“ одлучи шоуто да се одвива без презентација во студиото и без коментатори. Денеска, Линекер успеа да се договори со телевизијата и да се врати на емисијата.
Gary Lineker to step back from presenting Match of the Day until agreement reached on social media use – BBC statement https://t.co/WMsgqRzWrw
— BBC Breaking News (@BBCBreaking) March 10, 2023
„Би-Би-Си“ побара од Линекер да се повлече, на барање на владејачката партија во Британија, поради неговите коментари на „Твитер“ кои ја критикуваа одлуката на министерката за внатрешни работи Суела Браверман ефективно да им забрани на сите мигранти да влезат во Британија, а таквата одлука ја спореди со нацистичките закони во Германија во 1930-тите и го нарече „полошо од ужасно“ и „крајно сурово“.
Good heavens, this is beyond awful. https://t.co/f0fTgWXBwp
— Gary Lineker 💙💛 (@GaryLineker) March 7, 2023
Брајвмен им се пожалила на „Би-Би-Си“ за објавата на Линекер на „Твитер“, па медиумот објави соопштение во кое наведува дека ќе имаат „искрена дискусија“ со нивниот многу популарен водител и ќе го отстранат од шоуто додека „не се постигне договор и јасен став во однос на неговата употреба на социјалните медиуми“.
„Би-Би-Си“ му порача на Линекер дека ќе биде вратен на функцијата доколку јавно се извини за изјавата. Но, славниот фудбалер не ни помислува на тоа. Резултатот од сето тоа беше набрзина склопена емисија која се емитуваше во саботата без препознатливата емисија, само со резимеа од натпреварите, без никаков коментар.
Great to see the freedom of speech champions out in force this morning demanding silence from those with whom they disagree. 👊🏻
— Gary Lineker 💙💛 (@GaryLineker) March 8, 2023
Линекер доби огромен број пораки за поддршка околу целата ситуација, а неговите колеги решија солидарно да го прескокнат шоуто. Легендарните англиски фудбалери Иан Рајт и Алан Ширер во поддршка за нивниот колега, веднаш по одлуката на „Би-Би-Си“ објавија дека и тие се повлекуваат од емисијата. Дури и Алекс Скот, водителка на неодамна наградената емисија „Фудбал Фокус“, го откажа настапот во нејзината емисија, со што стави крај на шпекулациите дека таа би можела да го замени Линекер во „Натпреварот на денот“.
„Ќе ја решиме оваа ситуација. Жал ми е за непријатностите, беше тежок ден и жал ми е што публиката беше погодена. Одлуките се засноваат на свесноста за тоа што е Би-Би-Си. Тешко е и тоа е оваа рамнотежа помеѓу слободата на говорот и непристрасноста. Ние сме жестоки поборници за демократска дебата и слобода на говор, но со тоа доаѓа и потребата да се создаде непристрасна организација“, рече Линекер.
Од друга страна, Даунинг стрит и неколку министри во последните денови остро го критикуваа 62-годишниот лидер. Министерката за внатрешни работи Суела Браверман и министерката за култура Луси Фрејзер го нападнаа Линекер поради неговата споредба на британската влада со нацистичка Германија.

Ним им се спротивстави лабуристичката канцеларка Рејчел Ривс, која рече дека „Би-Би-Си“ е „очигледно под притисок на Конзервативната партија и мора да го отстрани Гери Линекер од програмата“. Таа додаде дека не се сеќава дека истите тие пратеници од ториевците „плачеле за непристрасност кога излегоа откритијата за Ричард Шарп“.
Во Британија, пак, сѐ уште постои неизвесност дали Линекер ќе се врати во „Би-Би-Си“. Кога водителот вчера наутро беше прашан од новинарите дали ќе се врати во емисија, тој рече: „Во моментов не можам да кажам ништо“.

Политичката позадина на Линекер и „Би-Би-Си“
Ова не е прв случај Линекер да се најде во центарот на вниманието поради политичка позадина.
Пред Светското првенство во фудбал во Катар, кое пред почетокот беше критикувано поради разните политики на таа земја, во емисијата на „Би-Би-Си“, водителот Линекер јавно ги нападна политиките на Катар, од човековите права до условите во кои се играше тоа првенство.
Тогаш, за разлика од сега, Линекер доби сериозна поддршка од „Би-Би-Си“, а многу Британци сега ја споменуваат токму таа изјава и ја ставија под знак прашалник слободата на говорот во Британија.
Познатиот британски новинар Пирс Морган на „Твитер“ ја објави оваа снимка, велејќи дека овој говор на Линекер бил „нарачан“ од неговите директори.
VIDEO: Lineker’s politically charged Qatar WC monologue that he was directed to say on BBC1 by his BBC bosses.. pic.twitter.com/aM2I8KxnMD
— Piers Morgan (@piersmorgan) March 11, 2023
Шефот на „Би-Би-Си“ под притисок
Познатиот британски весник „Тајмс“ пишува дека шефот на „Би-Би-Си“, Ричард Шарп, е под се поголем притисок од јавноста за да си поднесе оставка по случајот со Линекер.
Повиците за негова оставка доаѓаат уште од времето кога британски премиер беше Борис Џонсон.
Во нејзиниот текст објавен во „Тајмс“, пратеничката од опозициската Лабуристичка партија, Луси Повел, го критикуваше првиот човек на „Би-Би-Си“ дека неговата поврзаност со поранешниот премиер Џонсон и молчењето за случајот со Линекер се доволна причина за тој да си поднесе оставка.
We can hardly have a debate about impartiality over Gary Lineker without recognising the BBC Chair Richard Sharp has profoundly damaged the BBC’s independence. My letter in the Sunday Times today 👇🏻 https://t.co/MdgzJbwXXf
— Lucy Powell MP (@LucyMPowell) March 12, 2023
Линекер се враќа на екраните
Според најновите информации, познатиот водител успеа да се договори со „Би-Би-Си“ и да се врати на екраните.
Во неговата објава на „Твитер“, тој напиша дека ја цени професионалноста на телевизијата и има чест да е дел од неа.
After a surreal few days, I’m delighted that we have navigated a way through this. I want to thank you all for the incredible support, particularly my colleagues at BBC Sport, for the remarkable show of solidarity. Football is a team game but their backing was overwhelming. 1/4
— Gary Lineker 💙💛 (@GaryLineker) March 13, 2023
Линекер повторно доби позитивни коментари од корисниците на социјалните мрежи, а емисијата се очекува од следниот викенд да се врати во нормала.