Случај „Златна зора“: Лидерот на партијата и шест поранешни пратеници се соочуваат со затвор од пет до 15 години

Фото: EPA-EFE/KOSTAS TSIRONIS

За раководството на криминалната организација, односно за лидерот на „Златна зора“ и за шестемина поранешни пратеници, нема да бидат земени во предвид олеснителните околности предложени од нивните адвокати и нема да има намалување на нивните казни.

Судот во Атина, на денешното рочиште, ја соопшти одлуката и одобри ублажување на казните за четири поранешни пратеници, осудени за учество во криминална организација, како и за уште девет други лица.

Со отфрлање на барањето да се земат предвид олеснителни околности, лидерот на Михалољакос и уште шест поранешни пратеници се соочуваат со казна затвор од пет до 15 години.

Во судската сала на денешното рочиште беше и поранешниот пратеник од „Златна зора“, а сега независен европратеник, Јанис Лагос, кој побара збор и рече дека е повредена пресумпцијата на невиност и постоела директна или индиректна интервенција и од грчкиот премиер.

Во исто време со рочиштето, пред судот се одржува протест против „Златна зора“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот