Случај што ја потресе Јапонија: Тригодишно девојче почина од глад, мајката ја оставила сама додека била со љубовникот

epa08305670 Police officers wearing face masks converse at Haneda International Airport in Tokyo, Japan, 19 March 2020. According to government data, with a 58 percent plunge following the coronavirus outbreak, Japan posted its largest drop in the number of foreign visitors in February 2020 since the 2011 earthquake and tsunami that triggered the Fukushima Daiichi nuclear disaster. EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Мајката веројатно го оставила девојчето само на 8 дена на почетокот на јуни и заминала во посета на момчето кое живее во префектурата Кагошима.

Жена од Токио е уапсена во вторникот под сомнение дека тригодишната ќерка ја оставила сама дома повеќе од недела дена и заминала со љубовникот, поради што девојчето починало од глад, соопшти полицијата.

Сака Какехаши (24) го признала злосторството, наведе полицијата, додавајќи дека веруваат дека девојчето Ноа редовно било злоставувано и запоставувано од страна на мајката.

Пријател на Какехаши потврди дека таа често заминаувал од дома на по неколку дена или се враќала досна ноќе и девојчето го оставала без надзор.

Резултатите од обдукцијата покажале дека Ноа починала од тешка дехидрација и глад, пренесува Којодо.

Мајката веројатно го оставила девојчето само на 8 дена на почетокот на јуни и заминала во посета на момчето кое живее во префектурата Кагошима.

Мајката на истражителите им рекла дека не очекувала дека девојчето ќе почине туку верувала дека „се е во ред“ ако ја остави сама во станот во кој живееле двете по разводот во 2017 година.

Таа повикала итна помош кога се вратила од пат на 13. јуни, а Ноа е прогласена мртва во болница.

Девојчето имало и осип зошто очигледно пелената долго не и била променета, а во станот е пронајдено и големо количество расфрлано ѓубре.

Во текот на доброволното испитаување пред да биде уапсена Какахаши рекла дека Ноа се разболела неколку дена пред смртта, но немала пари да ја однесе на лекар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот