Словенија со 834 нови случаи на коронавирус, на сила стапуваат нови мерки

Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 834 нови случаи на зараза со ковид-19, речиси 100 повеќе од претходниот ден кога имаше 745, а четири лица починаа, објави словенечката влада.

Со последните случаи, вкупниот број на заразени во Словенија од почетокот на епидемијата се зголеми на 11.517, а моментално има 5.413 активни случаи.

Според најновите податоци, хоспитализирани се 242 лица, а 45 од нив се на интензивна нега, додека бројот на починати се зголеми на 180.

Од денеска на сила се нови остри мерки кои ги донесе владата, а со најновиот црн рекорд се размислува и за повторно прогласување на епидемија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот