СЛОВЕНЕЧКАТА ПОЛИЦИЈА ОДГОВОРИ: Немаме дискриминаторен однос кон мигрантите

Фото: Миа.мк

Словенечката полиција јавно објасни дел од насоките за тоа како нејзините припадници да ги третираат мигрантите и азилантите, по обвинувањата кои пристигнаа на нивна сметка за односот кон мигрантите, но и за начинот на кој словенечката и хрватската полиција ја чуваат заедничката граница.

Со одлука на Управниот суд кон средината на месецот, словенечката полицијата јавно објави дел од правилниците за заштита на границата и третманот на мигрантите, но потоа следуваа голем број критички коментари, што е главната причина полицијата јавно да одговори на истите, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Во соопштението до јавноста, словенечката полиција одговорајќи на обвинувањето дека и предала дел од суверинитетот за чување на границата на хрватската полиција, објасни дека делумното објавување на стратегијата за обезбедување на границата предизвикало забуна кај јавноста. Тие потсетуваат дека Словенија е потписник на договор за мешовити словенечко-хрватски патроли за чување на границата, а тие одредби требало да се почитуваат, со што го отфрлија сите обвинување на нејзина сметка.

За вторите обвинувања, дека полицијата имала дискриминаторен однос кон мигрантите поради нивната етничка припадност, објаснувањето е дека се следат правилниците за ограничувањето на движењето за мигрантите, а се правело со цел да се спречи злоупотреба на системот за меѓународна заштите и дека тоа е дел од европското законодавство.

Според статистичкита податоци на полицијата од април 2018 до октомври оваа година, речиси 23.000 лица биле спречени нелегално да ја преминат границата и да влезат во Словенија. Од нив 8200 веднаш кажале дека сакаат да добијат меѓународна заштита, додека 2700 аплицирале за азил. 2500 мигранти, самоволно ги напуштиле објектите каде што биле сместени додека се решавало нивниот статус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот