Не бил силувач и канибал: Славниот актер ослободен од обвиненијата

Арми Хамер
Арми Хамер / Фото: EPA-EFE / Принтскрин/ИМДБ

Окружното обвинителство на Лос Анџелес во средата донесе одлука дека нема да покрене обвинение против актерот Арми Хамер, по долгогодишна истрага за тврдењата дека силувал жена во 2017 година.

„Случаите за сексуален напад се многу тешки за докажување, поради што и ги ангажираме нашите најискусни обвинители да ги истражат. Во овој случај, тие обвинители спроведоа исклучително темелен преглед, но утврдија дека во овој момент нема доволно докази за да се обвини господин Хамер за кривично дело“, рекол портпаролот на Окружниот обвинител, додавајќи дека нивната канцеларија има „етичка одговорност“ да покренува обвиненија само за оние случаи што можат да се докажат „надвор од разумно сомневање“.

„Знаеме дека на жените им е тешко да пријават сексуален напад. Дури и кога не можеме да продолжиме со кривичното гонење, нашите претставници на службите за жртви ќе бидат достапни за оние кои ги бараат нашите услуги за поддршка. Поради сложеноста на односот и неможноста да се докаже принуден сексуален чин без заемна согласност, не можеме да го докажеме случајот надвор од разумно сомневање“, истакнал портпаролот.

Фото: Профимедиа

Во март 2021 година, една жена која се претстави само под името Ефи го обвини Хамер (36) за „ментална, емоционална и сексуална“ злоупотреба за време на нивната четиригодишна врска.

Таа тврдеше дека славниот актер станал „сè понасилен“ за време на нивната романса, а на 24 април 2017 година, неговото злоставување наводно ескалирало до силување. Во средата, Ефи за медиумите изјави дека е „разочарана“ од одлуката на обвинителството да не го обвини Хамер.

„Се чувствував должна да проговорам и да поднесам пријава за да го повикам Арми на одговорност за целата штета и трауми што ми ги нанесе и да ги заштитам другите жени од слично злоставување. Ме чинеше многу да зборувам и да поднесам пријава против злоставувањето на Арми“, раскажала Ефи, која сè уште стои зад своите обвинувања. Наводно, откако таа јавно проговорила, почнале „смртни закани, закани за силување, безброј напади и сурово, континуирано малтретирање“.

„Верувам дека многу од жртвите на Арми се плашеа да се појават. Се надевам дека еден ден силувачите нема да се извлечат со тоа“, заклучила Ефи.

Хамер ја коментираше и пресудата, но на социјалните мрежи. На Инстаграм тој испрати „посебна благодарност до сите луѓе кои му помогнале да го преброди тоа време“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @armiehammer

„Многу сум му благодарен на државното правобранителство што спроведе темелна истрага и заклучи дека цело ова време стоев настрана, дека никакво кривично дело не беше сторено. Со нетрпение очекувам да започне долгиот, тежок процес на повторно состаавување на мојот живот, сега кога моето име е исчистено“, напиша Хамер.

Имено, Ефи тврдела дека Хамер ја силувал во 2017 година кога имала само 20 години. Актерот претходно ги негираше обвинувањата на Ефи и во февруари тврдеше дека имал „консензуален“ секс со својата поранешна љубовница.

„Таа го испланира секој детаљ, од тоа во кој Старбакс ќе ја видам, како ќе ја следам дома, како нејзината влезна врата ќе биде отворена и отклучена, како ќе влезам и дека ќе се вклучиме во она што се нарекува „спогодбена сцена без согласност““, тврдел Хамер.

ФОТО | Холивудскиот актер во центар на скандал: Се појавија негови експлицитни пораки за сексуален канибализам

ВИДЕО | Наскоро документарен филм за холивудски актер Арми Хамер обвинет за силување и канибализам

Совршено изопачени: Семејството на Арми Хамер со генерации е вплеткано во перверзии, корупција и убиства

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот