Скопјанка измамена телефонски за 1.900 евра, и кажале дека ќерка и повредила лице во сообраќајка

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера на 24.08.2020 во 18.05 часот, Р.Д.(78) од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума 1.400 евра и 30.000 денари.

Според пријавеното, околу 10.00 часот од непознат број и се јавило лицето и и рекло дека нејзината ќерка и нејзиниот партнер предизвикале сообраќајна незгода во која било повредено едно лице-мигрант, а ќерка и била со тешки повреди.

Исто така, според пријавеното, лицето и кажало дека требала да плати 25.000 евра за да ја спаси ќерка и од одговорност. Според пријавата, потоа тие се сретнале и му ги дала парите.

МВР работи на расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот