Скопјанка е обвинета за неовластено поседување и продажба на хероин

Основно јавно обвинитрлство / Фото: Слободен печат/Драган Митрески

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетата на возраст од 39 години, во домот во кој престојувала на улица „Никола Тесла“ во Скопје, неовластено заради продажба држела наркотична дрога хероин со вкупна нето маса од 22,68 грама, спакувана во повеќе различни пакувања. Дрогата била пронајдена на 22 септември, при претрес на нејзиниот дом.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за обвинетата, со образложение дека се уште постојат законските основи –  реална опасност таа да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело што и се става на товар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот