Скопјани револтирани, Скопскиот маратон ги блокираше сите улици

Фото: Слободен Печат

Денеска главниот град е буквално непрооден. Учесниците во сообраќајот кои со своите автомобили заглавија утрово во метежот низ Скопје останаа без своите нерви.

Причина за гужвата која се создаде е одржувањето на „Виз ер Скопскиот маратон 2020″ кој започна утрово во 8:30 часот од платото пред Спортскиот центар „Борис Трајковски” каде што истовремено ќе биде и целта на маратонот.

Организаторите на маратонот известија благовремено дека низ скопските улици во периодот од 7:30 часот до 14:00 часот ќе има привремен режим на сообраќај и промена на режимот на работа на линиите на Јавниот градски превоз, но скопјани останаа заглавени среде улици.

Некои улици се целосно затворени за сообраќај, а некои делумно.

Улиците што се целосно затворени за сообраќај се: ул. Димитрије Чуповски, булевар Илинденска од Влада на РСМ до Зоолошка градина, Ул.Војвода Васил Чакаларов, ул. Митрополит Теодосиј Гологанов, ул. 11 Октомври, делот на бул. Крушевска Република од семафорите кај Тутунски Комбинат до семафорите кај Полициската Станица Пролет, бул. 3 Македонска Бригада од семафорите кај Полициската Станица Пролет до раскрсницата со ул. Фрањо Клуз, десната коловозна лента од бул. Јане Сандански од Тобако во правец накај Аеродром се до раскрсницата со бул. Србија.

Додека делумно затворени за сообраќај се следниве улици и правци:  десната коловозна лента од бул. Климент Охридски до семафорите кај Влада,  бул Илинденска, од Зоолошка градина до Љубљанска, спротивната страна ќе биде слободна за движење,  ул. Љубљанска во правец од бул. Илинденска до семафорите кај бул. Партизански одреди, ул. Московска во правец од бул. Партизански Одреди до Студентскиот дом Гоце Делчев.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот