Скопјанец приведен откако омаловажувал полицајци во угостителски објект

фото: Слободен печат, архива

Скопјанец кој омаловажувал полициски службеници синоќа е уапсен во угостителски објкект во Скопје, информира МВР.

-На 19.07.2020 во 22.00 часот во угостителски објект на ул.„Тодор Чангов“ во Скопје, од полициски службеници од СВР Скопје бил приведен А.Д.(34) од Скопје, бидејќи го нарушил јавниот ред и мир со омаловажување на полициските службеници кои вршеле контрола во објектот- стои во дневниот билтен на МВР.

Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 13 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот