Скерлев: Проблемот со заштитната медицинска опрема е акутен проблем

По еден месец го видовме премиерот Џонсон – се појави пред вратата на Даунинг Стрит 10. Јавноста очекуваше нешто драматично различно – Џонсон изјави дека доаѓаме на крајот на првата фаза на овој конфликт и дека ова е моментот на максимален ризик. Премиерот на Велика Британија побарал семејствата и бизнисите да бидат трпеливи и да не бидат попусти напорот и жртвите кои до сега ги направил британскиот народ, ја пренесе атмосферата директно од Лондон во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ новинарката Жанета Скерлев.

Скерлев истакна и дека во наредните денови се очекува да се обзнанат повеќе детали за понатамошното справување со Ковид19.

-Морам да истакнам дека премиерот има поддршка од опозицијата во врска со мерките. Прес конференциите се одвиваат преку видео кол, а новинарите слично како и во Македоија ги поставуваат онлајн.

Денеска ќе се одржи минута молчење за починатите во јавното здравство од КОВИД-19. Членовите на семејствата од оние кои починаа во борбата од Коронавирусот ќе добијат по 60.000 фунти за секое семејство- мерка која деновиве беше донесена од Владата, вели Скерлев.

Проблем со недостаток на маски, како и единствен став на лекарите за тоа дали треба да се носат постојано.

-Многумина овде сметаат дека во продажба нема доволен број маски и дека тие се чуваат за јавното здравство. Проблемот со заштитната медицинска опрема е акутен проблем. Факт е дека нема доволно опрема и тоа се уште се провлекува. Затоа и мерките се такви какви што се. Некои велат дека не треба да се носат цело време, некои велат дека е доволно шалче и марама. Додека не се усогласат лекарите ќе постои оваа дополнителна нервоза и недоверба, вели новинарката Жанета Скерлев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот