СКАНДАЛОЗНО: Жена му удрила ШАМАРИ на келнер во Обреновац од БИЗАРНА причина (ФОТО+ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Бесна гостинка во една слаткарница во Обреновац му удрила шамари на келнер на изненадување на сите присутни заради грешна нарачка.

Настанот се случил на 3 септември во вечерните часови, бидејќи гостинката место топло кафе добила – ладно!

– Тој и рече „еве ќе го загреам“, а таа врати „не треба сега, нема ни да го пијам“. Потоа човекот што седеше со неа праша „ќе биде ли тоа кафе“. Тоа беше поентата на караницата – рекла за РТВ Марија Чучуковиќ, сопственичката на угостителскиот објект.

Фото: Принтскрин

Како што додава таа, имало и „мала вербална расправија“.

– Го прозиваа келнерот дека не знае да работи, како не е за оваа работа, а тој на нив им одговараше „нема врска, баш ми е гајле“. Они веројатно тогаш се изнервирале, па госпоѓата, кога тој дојде и го зема кафето за да го загрее, тргна накај него. Го праша „колку години имаш“, му се внесе во лицето, а потоа го удри шест пати. Јас сум зачудена од неговата реакција, не знам што би направила јас. Тој само стоеше мирно и го поднесе тоа, онака баш машки – додала сопственичката.

Следниот ден жената која го направила проблемот повторно била во кафулето.

– Таа дојде најнормално, а кога и реков дека не можам да ја послужам, ме праша „зошто“. Останав без коментар – вели газдарицата.

Кога ја прашала зошто така реагирала, добила одговор „Не може келнер да зборува така со мене“.

Според зборовите на Марија Чучуковиќ во последната една недела скоро секој ден имало помали или поголеми инциденти.

Фото: Принтскрин

– Слушам дека е така во сите локали, секаде е катастрофа. Луѓето се станати нестрпеливи – заклучила таа.

Случајот не е пријавен во полиција, а сопственичката на локалот не знае дали келнерот ќе поднесе приватна тужба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот