СКАНДАЛОЗНО однесување во ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА: Свештеникот суспендиран по вознемирувачката КРШТЕВКА (ВИДЕО)

Свештеникот Василиј Нечепоренко (55) познат под името Фотиос е суспендиран на една година по вознемирувачката церемонија која е завршена со поднесување на полициски извештај.

Инцидентот се случил во текот на викендот во мала црква во близина на Санкт Петербург. Детето во текот на чинот гласно плачело и се опирало. Свештеникот повеќепати се обидел насилно да го потопи детето во водата, по што вознемирената мајка притрчала.

Мајката се обидела да му го земе бебето, но свештеникот не ѝ дозволил, продолжувајќи со ритуалот.

Сакајќи да си го земе детето, мајката на свеќите си ја запалила марамата.

„Му ги повреди вратот и рамената на бебето. Оттогаш моето дете е исплашено и постојано има напади на паника и хистерија“, рекла запрепастената мајка.

Анастасија Алексеева, мајката на бебето, за руските медиуми рекла дека атмосферата била напната уште од самиот почеток. Како што додала, свештеникот ги удрил неа и кумата кога сфатил дека не ја знаат молитвата.

Новинската агенција „Фонтаника“, известила дека церемонијата на крштевањето, која чинела околу 50 евра, личела на садистичка вежба, а бебето добило гребаници и модринки.

Пред да го суспендираат, свештеникот се бранел и ја обвинил „силната емоција“ на мајката.

„Па, што се случи? Ништо, воопшто не сум крив. Мајката претерано емотивно изреагира. Таа е лице без црковно искуство, не беше подготвена за крштевање на бебето“, рекол суспендираниот свештеник.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот