Скандал во мак-баскетот: Родители и играчи тргнале да се пресметаат со судиите

Голем скандал се случи на натпревар од младинската М18 лига помеѓу екипите на Феникс 2010 и Вардар, кој не го дочека крајот бидејќи навивачи влетаа на теренот со цел да се пресметаат со судиите.

Неофицијално, напаѓачи биле родители на кошаркарите на Вардар, но и дел од самите кошаркари. Инцидентот се случил во последната четвртина кога дел од гостинските кошаркари револтирани од досудениот прекршок и техничка грешка на играч на Вардар, дел од навивачите влегле на теренот и се обиделе физички да се пресметаат со официјалните лица. Откако интервенирала полицијата, „воинствените“ родители-навивачи се вратиле на трибините и се обиделе да го прекинат снимањето на мечот и да му ја земат камерата на официјалниот снимател.

Натпреварот веднаш бил прекинат и е регистриран со службени 20:0 за Феникс, а Вардар нема да добие бод за поразот.

Комесарот Сречко Хорват им изрече драконски казни на кошаркарите но и на клубот Вардар. Поради големиот број технички и исклучувачки грешки, како и пријавите за нивните играчи по мечот ќе треба да плати вкупно 125.600 денари. Три кошаркари на овој тим, Мухамед Тачи, Павел Атанасов и Марин Петков се суспендирани на по пет натпревари и тоа за исклучување, обид за напад на судиите и за пријава по мечот.

Суспензија од по два натпревари добија и двајцата судии на оваа средба, Петровиќ и Филиповски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот