Скандал на ЗОИ: Чудото од дете, Камила Валиева позитивна на допинг тест

Камила Валиева/ фото: EPA-EFE/FAZRY ISMAIL

Руската лизгачка која го воодушеви светот со својата изведба, 15-годишната Камила Валиева, на допинг тест пред пристигнувањето во Пекинг била позитивна на недозволениот лек за срце, триметадизин.

Лекот се користи за ангина пекторис, болка во градите градите предизвикана од коронарна артерирска болест.

Поради позитивниот тест, беше одложено доделувањето на медали во екипна конкуренција во уметничко лизгање каде Русија во чија репрезентација беше и Валиева, го освои златниот медал, но се уште нема одлука за евентуално одземање на медалот.

Руската сензација прави чуда на ледот: Валиева ги надминува границите на возможното

Засега не е познатo дали Рускиот олимписки комитет вложил жалба, но Валиева сè уште се наоѓа во олимпиското село и утринава се појавила на тренинг во олимпискиот центар. Руската лизгачка федерација потврди дека Валиева не е суспендирана.

Според светскиот антидопинг кодекс, Камила Валиева е „заштитена личност“ бидејќи сè уште нема наполнето 16 години. Доколку евентуално биде казнета, нејзината суспензија би била помала отколку за возрасните спортисти, но засега Светската антидопинг агеција не го коментира случајот.

Прв случај на допинг на Олимпијадата во Пекинг

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот