Ситуацијата во Украина главна тема меѓу Путин и Макрон

Макрон во мировна мисија кај Путин/ Фото: ЕПА

Рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски разговарал со својот француски колега Емануел Макрон за ситуацијата во Украина

-Владимир Путин го информираше претседаелот Макрон дека во водите на Црно море е изведено предавање на три воени бродови на украинската морнарица што биле вмешани во провокации во подрачјето на Керчкиот теснец- се навдува во соопштението на Кремљ.
Како што се наведува во соопштението, во текот на разговорите главното внимание било посветено на ситуацијата во Украина, земејќи во предвид дека се подготвува самит во нормандискиот формат, што, како што се очекува, ќе се оддржи на 9 декември во Париз.

-Двете страни нагласија дека таквите средби треба да овозможат брза и полна реализација на Минските договори- додаваат од Кремљ.

Двајцата лидери разговарале и за ситуацијата во Сирија и за прашањата на билатералната соработка.

Претходно руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Москва на украинската страна и предала три брода на украинската морнарица што биле задржани минатата година во близина на Керчкиот теснец, заради повреда на руската граница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот