Сити и ПСЖ се бунар без дно: Потрошија преку три милијарди евра и не можат да ја освојат титулата во ЛШ

epa09166131 Paris Saint Germain's Neymar Jr (L) and Manchester City's Kevin De Bruyne (2-L) embrace each other at the end of the UEFA Champions League semi final, first leg soccer match between PSG and Manchester City at the Parc des Princes stadium in Paris, France, 28 April 2021. EPA-EFE/YOAN VALAT

Ново разочарување за двата најбогати клубови кои загубија уште една година без најважниот трофеј.

Минатата година ПСЖ, оваа Манчестер сити, двата најбогати клубови на светот, не успеваат да го остварат сонот на нивните арапски сопственици и се сопнуваат на последната препрека.
Петро доларите кои кралските семејства на Катар и на Обединетите Арапски Емирати ги фрлаат не се доволни да се освои Лигата на шампионите со што и ПСЖ и Манчестер сити засега го имаат епитетот на најголеми губитници.

За разлика од овие два клуба, првиот суперпроект во 21 век, Челси на Роман Абрамович дури во деветтата година по преземањето дојде до титулата во Лигата на шамионите. Минатата година ПСЖ имаше шанса да го израмни тој резултат, но не успеа бидејќи беше надигран од Баерн Минхен во финалето.
За разлика од нив, Манчестер сити далеку заостанува, веќе поминаа 13 години откако шеикот Мансур бин Зајед го купи клубот и дури вчера за прв пат играше во финалето.
Очекувано по поразите на ваквите супер богати екипи, главното прашање на новинарите гласи: Уште колку пари ви се потребни за да ги остварите соништата?

Одговорот на ова прашање ќе почека барем додека една екипа не дојде до трофејот, но затоа позната е сумата која Сити и ПСЖ ја потрошија досега, тоа се неверојатни 3.5 милијарди евра.
Ова е сума која двата тима ја издвоија за плаќање на обесштетување и доколку се вметне и сумата за платите тогаш бројката би била најмалку три пати поголема.
Кралското семејство на Катар во 2011 година го купи ПСЖ и за претседател на клубот го постави Насер ал Келаифи на кого му даде одврзани раце во поглед на финансиите. Откако Ал Келаифи е на чело на клубот, „светците“ купија 155 фудбалери за кои платија дури 1.33 милијарди евра како обесштетување. Добар дел од оваа сума е потрошен на двата најголеми трансфери во историјата на фудбалот, тие на Нејмар и на Килијан Мбапе. ПСЖ за Нејмар плати 222 милиони евра, додека трансферот на Мбапе ги чинеше 180 милиони евра.
Исто така клубот кој толку ја посакува титулата во ЛШ, не доживеа ново разочарување само во елитното натпреварување, туку по трет пат од 2011 година се лизна во француската Лига 1.
Четири години по доаѓањето на новите сопственици, ПСЖ не можеше да го помине осминафиналето во ЛШ, а потоа три години по ред испаѓање во четвртфиналето за во последните две години да биде меѓу најдобрите четири во ЛШ. Минатата година играа во финалето, а оваа испаднаа во полуфиналето и тоа од Манчестер сити.
За болката на ПСЖ да биде поголема, вчера трофејот го освои тренерот кои тие го отпуштија кон крајот на минатата година.

Неуспесите на Манчестер сити се поголеми и многу повеќе ги чинат газдите. Кралското семејство на Обединетите Арапски Емирати по преземањето на клубот во 2008 година, па досега потрошија дури 2.02 милијарди евра за купување на неверојатни 337 фудбалери.
Во ерата на Гвардиола како тренер, „граѓаните“ дадоа дури 954.9 милиони евра за засилувања, а ниту еден трансфер не беше ниту блиску до 100 милиони евра.
Најголем дел од парите, речиси половина милијарда евра, Гвардиола потроши само за одбранбени играчи и за иронијата да биде поголема, главен фокус во летниот преоден рок ќе биде нов лев бек.

Колку за споредба, еден од најголемите европски клубови, Баерн Минхен кој има шест европски титули во својата 120-годишна историја потроши 1.22 милијарди евра, што е помалку од Манчестер сити и ПСЖ го потрошија во последната деценија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот