Сите расположливи полициски сили сè уште се на нозе и трагаат по Турчинот што изврши двојно убиство во Зеница

Сите расположливи полициски сили сè уште се на нозе и го бараат Канер (Фуат) Тајлан, државјанин на Република Турција, со живеалиште во Зеница, кој е осомничен за денешното двојно убиство во населбата Нова Зеница, во Босна и херцеговина. 

Како што пренесува Српскаинфо, тој најпрво го уби Рамиз Одобашиќ, чие тело беше пронајдено во грмушките, а потоа и Арслан Мујиќ, граѓанин на Зеница, кој беше трговец со девизи.

Имено, како што дознава Аваз, Канер Тајлан го повикал братот на Арслан, кој исто така бил трговец со девизи, да му замени со 55.000 евра.

– Арслан, кој го повика Рамиз Одобашиќ затоа што тој самиот немаше толку пари. Кога стигнале таму, настанал хорор – изјави за Аваз, пријател на жртвите.

Соочен со класична заседа, Одобашиќ најпрво пружил отпор по што бил убиен на самото место, а потоа, според изворот, фрлен во грмушките.

– Тогаш го уби и Арслан. Голем шок. Ние работиме заедно 30 години, јадеме ист леб. Никој сè уште не може да поверува што се случи – вели соговорникот на Аваз.

Особено е шокантно што убиениот го познавал осомничениот убиец од Турција, имајќи предвид дека имал ресторан за брза храна на влезот на пазарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот