Италија носи „зелени потврди“: Сите наставници мора да бидат вакцинирани

Ковид Италија/ Фото EPA-EFE/Tino Romano

Италијанската влада одучи дека наставниците мораат да имаат доказ дека се имуни на Ковид-19 пред да се вратат во училиштата. Тие направија таканаречена „зелена потврда“ која ќе важи и за патниците во возовите, авионите, бродовите и меѓународните автобуси.  

Зелената потврда е дигитален или хартиен сертификат кој покажува дали некоја личност има барем една доза вакцина, дали има негативен тест или дали прележал корона, пренесува Ројтерс. 

Со намера да се забрза вакцинацијата, за да можат да го победат делта сојот, италијанската влада веќе донесе правила и од утре потврдите ќе бидат задолжителни за сите кои ќе сакаат да влегуваат во рестораните, како и за услугите при спортските активности, како сали и теретани. 

Наставниците без тој сертификат нема да можат да предаваат и нема да бидат платени.  

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот