СИРИЗА: Владата на Мицотакис опуштена додека се зголемува бројот на нови случаи на Ковид-19

Фото Архива на СП

Наместо зголемена претпазливост, Владата во изминатиот период континуирано испраќа пораки на опуштеност, во исто време кога се зголемуваат случаите на коронавирусот, потврдувајќи ги противречноста и неодговорност на кои се темелат нејзините одлуки, соопштуваат од грчката опозициска партија СИРИЗА, јави дописничката на МИА.

Коментирајќи ги последните владини одлуки, од СИРИЗА потенцираат дека Владата и Мицотакис мора да сфатат дека јавното здравје и туризмот, „не можат да бидат поле за експериментирање” и потребна е сериозност и доследност.

-Откако не се залагаше за тестови пред пристигнувањето на грчките аеродроми; откако не усвои унифицирани епидемиолошки критериуми за контрола на сите влезни точки во земјата; откако, вон секоја логика, ги дозволи панаѓурите, а вчера побрза да ги забрани; откако ја игнорираше препораката на експертската Комисија и ја укина задолжителната употреба на маска во трговските центри и моловите, без да се потруди да ги објасни причините, сега, брза да ги прибере последиците од нејзината непредвидлива тактика под опасноста од ново неконтролирано разгорување на пандемијата, соопштуваат од СИРИЗА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот