Синдикат на работници од шумарство: Пожарите го потврдија значењето на „Национални шуми” и на вработените

Шумски пожар / Фото: МИА

Синдикатот на работниците од шумарството, дрвната индустрија и енергетика денеска преку соопштение изрази огромна благодарност до вработените и членовите на Синдикатот во ЈП „Национални шуми“ за, како што велат, извонредните напори што беа правени во спречувањето на огнената стихија.

– Изразуваме посебна благодарност и до пожарникарите од Австрија, Бугарија, Словенија, Романија, припадниците на АРМ, МВР и на сите други институции, централни и локални и посебно на месното население, кои несебично се вклучија ризикувајќи ги сопствените животи во гаснењето на овие пожари, се вели во соопштението.

Според Синдикатот, и оваа природна катастрофа го покажа и го потврди значењето на ЈП „Национални шуми” и дејностите кои ги врши, како и значењето и потребата на вработените во овој систем. Посочуваат на потребата од дополнително вложување во материјалните ресурси и од зголемување на платите на вработените и нивна редовна исплата, како и соодветна трансформација и зачувување на работните места и унапредување на човечкиот и материјалниот потенцијал.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот