Симптоми на пневмонија кои никако не смеете да ги игнорирате

Фото: Профимедиа

Пневмонија е инфекција која предизвикува воспалителен одговор длабоко во едното или двете бели дробови. Во потешки случаи на пневмонија, дишните патишта и алвеолите може да се наполнат со течност или гној, предизвикувајќи кашлица проследена со искашлување на слуз или гној, треска и отежнато дишење.

Пневмонијата може да биде предизвикана од различни микроорганизми, вклучувајќи бактерии, габи и вируси.

Клиничката слика на пневмонијата може да се движи од блага преку умерена до тешка, што може да биде опасна по живот. Најопасна е за бебињата и децата под 5 години, лицата постари од 65 години и луѓето кои страдаат од хронични заболувања или чиј имунолошки систем е ослабен од придружните болести.

Симптоми

Симптомите исто така може да варираат од умерени до многу тешки, во зависност од различни фактори, вклучувајќи го типот на предизвикувачката инфекција, возраста и општата здравствена состојба на заболеното лице.
Благите симптоми често се слични на оние кои се придружни на потешка настинка или грип, но траат подолго отколку кај овие состојби.

Симптомите на пневмонија може да вклучуваат:

– Болка во градите при дишење или кашлање

– Конфузија и промена во менталната состојба (кај луѓе постари од 65 години)
– Кашлица, која може да биде придружена со искашлување шлајм

– Замор

– Зголемена температура, потење, треска

– Намалена телесна температура (кај лица постари од 65 години и лица чиј имунолошки систем е ослабен)
– Гадење, повраќање и дијареја (пролив)

– Краток здив

Новороденчињата и бебињата не мора да покажуваат знаци на инфекција, или може да повраќаат, да имаат треска и тешка кашлица, да бидат вознемирени или изморени и да немаат енергија, или да имаат тешкотии со дишењето и да одбиваат храна.

Кога треба да одите на лекар?

Ако имате тешкотии со дишењето, болки во градите, температура која не паѓа под 39 степени или е повисока, постојано кашлате, особено ако и искашлувате слуз, веднаш јавете се кај лекар.

Многу е важно луѓето кои припаѓаат на следните високоризични групи веднаш да побараат помош од лекар доколку почувствуваат некој од горенаведените симптоми..

– Лица постари од 65 години
– Деца под две години
– Луѓе со хронични заболувања или ослабен имунолошки систем
– Луѓе кои се на хемотерапија или земаат имуносупресиви како дел од терапијата
– Луѓе кои имаат историја на кардиоваскуларни проблеми или хронични белодробни заболувања. Во овие случаи пневмонијата може многу брзо да се развие до степен да стане опасна по живот и затоа е многу важно веднаш да се обратите кај лекар.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот