Симпсонови претставија нов лик – Преживеана од ракот на дојка

Сејџ симпсонови
Фото: Принтскрин / Instagram

Симпсонови се познати по тоа како ги создаваат своите епизоди – актуелни теми, кои се неопходни да се споменат, и ги засегаат луѓето (помалку или повеќе) на целата планета. Последната епизода е со посебна посвета – за преживеаните и борците со ракот на дојка!

Во овој октомври, месецот посветен на борбата со ракот на дојката, Симпсонови претставија нов посебен лик: Др. Венди Сејџ, хипнотерапевт, која воедно и преживеала рак на дојка и има само една града по еднострана мастектомија, покажувајќи видлива лузна нанесена од „порт-о-кат“, апарат кој се користи за хемотерапија.

Гласот на докторката го позајми Рени Риџелеј, која е актерка, писател и самата преживеана од рак на дојката, но и жена на продуцентот на серијата Мет Селман.

„Сејџ покажува токму која е сега. Живеејќи отворено како едно-града жена, таа пренесува порака на прифаќање и целост која се слави од индивидуи во маргинализирани групи“, објави Риџлеј индиректно раскажувајќи дел од својата приказна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Renee Ridgeley (@reneeridgeley)

Во остатокот од епизодата се зборува и за друг начин на себеприфаќање и позитивност за сопственото тело, со Лиза која развива комплекс откако Марџ и вели дека изгледа „буцко“. Ова е интригантен омаж на тематиката која неодамна се отвори и започна јавно да се дискутира откако бројни актери како Меган Фокс, Кумаил Нанџани, Били Ајлиш, Џона Хил, Ејми Швимер… листата е долга.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Yllehs__ (@yllehs__)

Ликот на Сејџ всушност се појавува како клучен кога Марџ и Лиза треба да се справат со неколку проблеми со позитивност на телото, и ја има улогата на гласот на надежта и инспирацијата.

„Здраво, моето име е Др. Венди Сејџ… моите сестри по рак на дојка едноставно ме викаат Сејџ.

Јас сум хипнотерапевт и им помагам на луѓето да ги трансформираат негативните идеи за себеси во ценење и себе-почит.

Сакам кристали, свеќи, внатрешни растенија и мојата една преостаната града. Живеејќи гласно како еднограда жена е можност да се прослави преживување и почитување на моето тело за сè што издржало за време на третманот.

Кога се соочив со мастектомија, ја одбив идејата дека луѓето ќе ме гледаат како еднограда личност која е срамна, грда, „недовршена“ со третман, или помалку женствена. Јас не сум ништо од тоа. Всушност, се чувствувам горда, жешко згодна, и цела.

Една града е мала цена да се плати за повеќе време на оваа неверојатна планета.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Renee Ridgeley (@reneeridgeley)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот