Силен земјотрес ја погоди Грција, се тресеше и Турцијa

земјотрес / илустрација

Силен земјотрес од 5.4 степени е регистриран во Грција во 22 часот и 58 минути. Според податоците, земјотресот бил регистриан на островот Крит, Грција.

По силниот земјотрес, неколку минути подоцна е регистриран нов земјотрес, но со помала магинтуда, од 3.2 степени според Рихтеровата скала.

За среќа нема пријавено штети или загуби на човечки животи. Претходно, три земјотреса беа регистрирани и во Западна Турција во рок од половина час.

Првиот бил со магнитуда од 4.8 степени, вториот со 4.5 и третиот со 4.4 степени според Рихетровата скала.

Според информациите силните потреси предизвикале паника кај населението кои ги напуштиле своите домови и излегле надвор.

Досега нема пријави за некакви штети или настрадани лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот