Сијарто: Унгарија воопшто не помислува да воведе ембарго на рускиот гас

Петер Сијарто/Фото: EPA/VASSIL DONEV

Унгарската Влада одбива да дебатира за можноста за воведување на ембарго на руски природен гас, изјави шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто пред денешниот состанок на министри за енергетика на Европска Унија, што се одржува во Луксембург.

Тој додаде дека Унгарија не се согласува на компромис за безбедноста на снабдувањето со гас.

Ембаргото на рускиот гас ќе ја разниша економијата и способноста за функционирање на земјата, посочи Сијарто.

Тој најави дека на средбата ќе се разговара и за формирање на заедничка платформа за набавка на енергија.

– Не ни пречи што ЕУ бара нови извори на гас, но учеството во тоа мора да биде доброволно. Ниту една обврска за набавка не може да им се наметне на земјите-членки, наведе Сијарто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот