Сијарто: Финска направи огромен пропуст што не одобри започнување преговори со Северна Македонија и Албанија

Петер Сијарто/ Фото: EPA/VASSIL DONEV

Унгарскиот министер за внатрешни работи Петер Сијарто ја критикуваше Финска, која до крајот на месецов претседава со ЕУ, дека не успеа да изврши притисок за проширувањето на ЕУ за време на нејзиниот мандат.

Тој по средба со колеги од Чешка, Полска и Словачка на состанокот на земјите од Вишеградската група, изјави дека еден од „значајните пропусти” на Европската Комисија во заминување што во октомври не одобрила почеток на пристапни преговори со Република Северна Македонија и Албанија.

– Финска како претседавач со ЕУ, направи огромен пропуст во тој поглед, рече Сијарто и изрази надеж дека новата Европската комисија ќе изврши притисок за проширувањето.

Земјите од Вишеградската група го поддржуваат проширувањето на ЕУ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот