Си замина уште една скопска урбана легенда, почина сопственикот на култната слаткарница „АПЧЕ“, Елам Кадриа

Пријатели, роднини, познаници преку социјалните мрежи се простуваат од Елам Кадриа, сопственик на познатата скопска слаткарница „Апче“.

Бате Елам како што многумина го нарекувале, починал на 12-ти јануари. Погребот бил одржан вчера во тетовското село Јаловјане.

– Со длабока БОЛКА И ЖАЛ ви сопштуваме на сите роднини и пријатели дека нашиот пред се татко ,дедо и газда на СЛАТКАРНИЦА АПЧЕ со големо срце денес за жал почина погребот со сите протоколи ќе биде на гробиштата во село Јаловјане – Тетово во 13 часот со почит од персоналот на СЛАТКАРНИЦА АПЧЕ ПРЕД СЕ ВЕ ИЗВЕСТУВАМЕ ДЕКА НАШИОТ ГАЗДА НЕ Е ПОЧИНАТ ОД КОРОНА ВИРУС!, стои во фејсбук објавата.

„Скопје остана без уште една градска легенда. Почина нашиот семеен пријател Елам Кадриа, продолжувач и сопственик на традицијата на Слаткарница Апче. Нека му е лесна земја.“, напиша Алекс Ружин на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот