Швеѓанецот со македонско потекло Кулушевски би можел да му биде соиграч на Пандев

дејан кулушевски
Швеѓанецот со македонско потекло Дејан Кулушевски има понуда од Тотенхем/Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Денеска италијанските медиуми информираат дека четири клуба ја следат ситуацијата Дејан Кулушевски, Швеѓанецот со македонско потекло.

Се зголемува интересот за 21-годишното десно крило, Џенова во чии редови настапува нашиот напаѓач Горан Пандев го посакува на позајмица, а во трката за обезбедување на потписот се и Севиља, Арсенал и Тотенхем.

Екс членот на Аталанта и Парма, кој може да игра во средниот ред и во нападот, нема редовна минутажа во Јувентус кај тренерот Макс Алегри.

Можно е овој месец да има нов клуб и тоа ќе го дозволи „Старата дама“ доколку пристигне права понуда.

Тотенхем и Арсенал се подготвени да платат 35 милиони евра, па така премиерлигашите се фаворити за услугите на Кулушевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот