Шведска ракета случајно паднала во Норвешка

Фото: Принтскрин

Истражувачка ракета лансирана рано во понеделникот од страна на Шведската вселенска корпорација (Swedish Space Corp – ССЦ) од вселенскиот центар Есранџ во северна Шведска имаше дефект и падна на 15 километри во територијата на соседна Норвешка.

Ракетата достигна висина од 250 километри, каде што се спроведуваат експерименти во нулта гравитација, објави агенцијата.

„Слета во планините на надморска височина од 1.000 метри и на 10 километри од најблиската населба“, изјави за Ројтерс Филип Олсон, шеф за комуникации во ССЦ, пренесува Хина.

– Има процедура кога нешто тргне наопаку и ги известуваме шведската и норвешката влада, како и другите актери, рече тој.

Во тек е операција за собирање делови од ракетата и истрага за да се откријат технички детали и да се утврди што ја предизвикало непланираната траекторија на ракетата, соопшти агенцијата.

„Норвешките власти многу сериозно ги сфаќаат сите неовластени активности на норвешката страна на границата“, рече портпаролката на норвешкото Министерство за надворешни работи.

Во случај на каква било повреда на границата, одговорните треба веднаш да ги известат соодветните норвешки власти, вклучително и Министерството за надворешни работи, преку вистинските канали, рече таа.

Министерството не доби никакво официјално известување за инцидентот од шведските власти, додаде таа

– За да се работи на норвешка територија за да се пристапи до сите остатоци, исто така, потребна е претходна согласност, истакна портпаролката.

Норвешкото министерство за надворешни работи соопшти дека не знае дали е предизвикана штета во областа каде што паднала ракетата, додека портпаролот на ССЦ изјави дека ракетата паднала далеку од населени места.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот