Шведска првпат од 13. март без смртни случаи

Фото: Профимедиа

Шведска минатата недела забележа најголем број на смртни случаи од коронавирус во Европа, по глава на жител, во текот на период од седум дена, покажуваат податоците.

Во изминатите 24 часа во Шведска не е забележан ниту еден смртен случај од последиците на коронавирусот, првап од 13.март, соопштија денеска здравствените власти.

Ројтерс, меѓутоа, напоменува дека во текот на викендот доаѓа до доцнење при пријавувањето на податоците во врска со вирусот во Шведска.

Портпаролот на здравствената управа во Шведска рече дека се случувало во текот на викендот бројот на починатите да се зголеми само за еден или два, но дека во наредните денови, кога ќе пристигнат сите податоци, да се забележи поостар пораст во бројот на жртвите.

Вкупно досега од последиците на коронавирусот во Шведска починаа 4.395 лица.

Според податоците на сајтот Воллдметерс, во последните 24 часа забележани се 429 случаи на коронавирус, со што вкупниот број на заразени порасна на 37.542.

Шведска минатата недела забележа најголем број на смртни случаи од коронавирус во Европа, по глава на жител, во текот на период од седум дена, покажуваат податоците.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот