Шведска: Направивме сѐ, очекувамe Турција да го ратификува влезот на Шведска во НАТО

Фото: Profimedia

Шведска направи сè што и вети на Турција и сега очекува турскиот Парламент да го ратификува нејзиниот влез во НАТО, изјави денеска шведскиот премиер Улф Кристерсон.

Кристерсон рече дека неговата неодамнешна изјава дека Шведска не може да ги исполни барањата на Турција за да го ратификува нејзиниот влез во НАТО била погрешно протолкувана. Тој рече дека Шведска усвоила закон за зајакнување на борбата против тероризмот, што било клучно турско барање.

„Го направивме точно она што го ветивме, рече Кристерсон на групата дописници од Брисел кои отпатуваа во Шведска за да го одбележат преземањето на ротирачкото претседателство со Советот на ЕУ.

По руската агресија врз Украина, Шведска и Финска се откажаа од политиката на неутралност и поднесоа барања за членство во НАТО. Досега протоколот за влез во НАТО на овие две земји го ратификуваа 28 од 30-те членки на Алијансата. Останаа уште Турција и Унгарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот