Швајцарците застанаа зад Ѓоковиќ во „војната“ со Федерер, Надал и АТП

Новак Ѓоковиќ за време на УС Опен ја формира Асоцијацијата на професионални тенисери (ПТПА) и со тоа влезе во „војна“ со советот на професионални тенисери на АТП.

Ѓоковиќ пред формирањето на ПТПА беше претседател токму на советот професионални тенисери на АТП, а сега челната позиција ја има Кевин Андерсон, но главниот збор го имаат Рафаел Надал и Рожер Федерер кои не се во добри односи си Новак, а швајцарскиот весник „Блик“ ја открива и причината.

Се започна со објавата на португалскиот тенисер Гастао Елијас, кој негодуваше поради планот на АТП во 2021 година да ги намали наградните фондови за квалификантите и за воведните кола од турнирите, а да ги зголеми наградите за учесниците во завршницата.

Луѓето и понатами се чудат што Новак Ѓоковиќ формира нова асоцијација на професионални тенисери“,напиша Елијас.

Иако Елијас набрзо го избриша твитот, но сепак неговите зборови наидоа на добар прием кај послаборангираните тенисери кои притоа се повеќе му даваат поддршка на Ѓоковиќ и неговата ПТПА.

Швајцарскиот весник застана во одбрана на Новак Ѓоковиќ.

Им земате на сиромашните и им давате на богатите – тоа е мототот на Советот на тенисери на АТП кои се собрани околу Рожер Федерер кој сака да ги промени планови за начинот на поделба на наградните фондови. Таа борба околу парите е една од причините поради кои Новак Ѓоковиќ ја основа ПТПА, своевиден синдикат на тениски професионалци“.
Односите помеѓу Ѓоковиќ од едната и Федерер, Надал и АТП од другата страна се нарушени за време на УС Опен кога српскиот тенисер си поднесе оставка и ја формира ПТПА. Поради овој потег, Ѓоковиќ беше цел на големи критики, а сега станува се појасно зашто дојде до кавгата: парите“, пишува швајцарскиот весник.

На Твитер се појави документ кој ги откри плановите на АТП и актуелниот совет на тенисери за 2021 година. Советот во кој главниот збор го имаат Федерер, Надал и новиот претседател Кевин Андерсон се залагаат за промени при поделбата на наградниот фонд од кои највеќе би профитирале тие кои имаат многу повеќе пари, Советот на тенисери на АТП сака да ја намали заработката на послаборангираните играчи.
„Наградниот фонд за квалификациите и за воведните рунди од турнирите треба да биде намален, а да се згоелми фондот за учесниците во завршницата на турнирите“, пишува во документот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот