Штуни: Косово е најпогодено од враќањето на џихадистите

Фото: Принтскрин

Земјите од Западен Балкан, особено Косово, се најтешко погодени од бројот на повратници од воени зони во Сирија и во Ирак, покажало неодамнешно истражување на американскиот експерт за безбедност Адријан Штуни, јави ВОА на албански јазик.

Штуни вели дека нивото на опасност е значително зголемено со враќањето на џихадистите, жените и децата од зоната на конфликт, а најалармантната состојба е на Косово, каде е забележан најголем број повратници џихадисти. Тој верува дека Приштина не може да си дозволи нивна реинтеграција во косовското општество.

„Враќањето на странски борци од терористички организации како ИД и Ал Каеда има влијание врз безбедноста во Западен Балкан”, вели Штуни, кој е експерт за надворешна политика и безбедност.

Нормално е, истакнува тој, дека враќањето на припадниците на радикалниот ислам од конфликтните зони во Ирак и Сирија го подигнува нивото на безбедносен ризик во сите земји од Западен Балкан, особено во Косово.

Тој потсетува дека, според неодамнешната студија на експерти од Западен Балкан, околу 460 луѓе кои војувале за ИД и за Ал Каеда се вратиле во земјите од Западен Балкан и меѓу нив има жени и деца.

Според истражувањето, 260 ги загубиле животите во битки, додека 500 остануваат во зоната на конфликтот, со најголем број од Косово.

„Косово има околу 250 повратници. Цела европска заедница има 1.500. Верувам дека бројките зборуваат сами за себе”, нагласи Штуни, пренесе РТК.

Штуни смета дека во Приштина немаат финансиски средства и експерти за борба против тој феномен и смета дека помошта од ЕУ е единствениот излез од сегашната состојба.

„Проблемот на Балканот не треба да се гледа во изолација и Европската унија треба да ја разбере оваа помош, не како помош за Балканот, туку како помош за зголемување на нивото на безбедност во Европа”, рече Штуни.

Притоа, додаде тој, фокусот не треба да биде само на борците туку и на жените, кои исто така се индоктринирани за време на нивниот престој во зоните на конфликтот.

Тој истакна дека уште поголем проблем се децата, кои без неопходна рехабилитација што е долготраен процес, и во исто време ти не можат да одат на училиште.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот