ШТРАЈК НА ИЗРАЕЛСКИТЕ ДИПЛОМАТИ: Сите амбасади и конзулати во светот се затворени

Од утрово сите израелски амбасади и конзулати во светот се затворени, бидејќи дипломатите и воените аташеа се во штрајк поради долгогодишен спор со Министерството за финансии околу трошоците на дипломатските претставници.

Штрајкот, координиран од Министерството за надворешни работи, Министерството за одбрана и Федерацијата за труд Хистадрут. следува откако Министерството за финансии наводно ги повлекло претходните договори и соопшти дека ќе ги принуди дипломатските претставници да вратат илјадници долари, кои им биле исплатени за трошоци, објави „Тајм оф Израел”.

Затворањето на амбасадите и конзулатите стапи во сила во 01.00 часот по израелско време.

„Поради одлуката на израелското Министерство за финансии да ги прекрши спогодбите, кои ги договори и потпиша генералниот директор на Министерството за финансии на 21 јули 2019 година и да примени еднострана процедура, која го менува протоколот што важеше неколку децении, принудени сме да ја затвориме амбасадата”, се наведува во соопштенијата, објавени на интернет страниците на израелските дипломатски мисии.

Во соопштението се истакнува и дека конзуларни услуги нема да бидат давани и никому нема да му биде дозволено да влезе во амбасадата, односно конзулатот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот