Што, точно, ги боли Французите?

Откако Макрон навидум непромислено се обрука на самитот во Брисел, сега Французите набрзина произведоа некаков нон-пејпер со „нова методологија“ за продолжување на процесот за ширење на Унијата. Купуваат време во кочењето на европската перспектива за Западниот Балкан, а по пат ќе шират оптимизам за забрзување на реформите и слични бла-бла-бла-флоскули.

Целата таа дополнителна, бесмислена процедура – која не е ништо суштински поразлична од она што треба со години да се прави со отворањето на преговорите, а за што граѓаните искрено веруваат дека им е последна шанса за делотворни промени на подобро – сега ќе бара сериозно да се земе предвид, да се трошат денови и месеци на средби, состаноци и дипломатски љубезности, како и насмевки упатени кон францускиот амбасадор, за некој да не се почувствува навреден што тие нам ни ја блокираат европската перспектива.

По пат, се разбира, ќе доживееме нови понижувања и провокации од членки на ЕУ, на кого како ќе му текне, некои од домашни, други од регионални причини, онака, во зависност од тоа кој како ќе се пробуди наутро и на која нога ќе стане. Не заборавајте, ова е сè уште добриот, стар Балкан!

Прочитајте и...  Лагард: Пандемијата на коронавирусот длабоко ќе ја промени светската економија

Ете, онаа простачка заштитна трговска марка на Грците (во превод: „Македонија Големата“), во нормални околности би била да се скинеш од смеење за тој националистички примитивизам; но, бидејќи повторно влегуваме во циклус на ненормалности, сега треба да се занимаваме и со грчките валкани трикчиња, ама и со нашите национал-шегобијци кои со обновен ентузијазам тврдат дека, ете, Грците, наводно, нè насамариле, дека идентитетот и самиот опстанок ни се доведени во прашање, на што тие на време предупредувале, ама предавниците…!

И така, уште еднаш, по 1.348 пат, до бескрај! „На врв врба брзо мрда“ и други јазични вежби за тепање време и ширење дефетизам…

Од друга страна, некои пријатели ме убедуваат дека целата работа не е така наивна и е врзана не само со политичките, туку и со економските интереси на Франција на Балканот. И дека ова француско „кочење“ треба да го сфатиме и како најава за разни стопански концесии пред кои ќе бидеме ставени во годините што доаѓаат, како резултат на Макроновата амбициозна економска гео-политика за ширење на бизнисите и во овој дел од континентот.

Прочитајте и...  Демократија или диктатура, за што сме?!

Па, добро. Зошто би било тоа проблем за нас, ако француски компании сакаат да ја зголемат иницијативата и низ коридорите кои поминуваат низ македонската територија – од Белград до Солун и од Белград до Драч, пред сè? Нека седнат, нека се договорат, врз основа на фер-процедури за конкуренција на пазарот.

Сепак, не оди тоа баш така лесно и едноставно. Македонската економија е во висок степен приватизирана, а преостанатите национални ресурси (некакви руди, водниот потенцијал и сл.) не се за брзоплето продавање. Ќе треба и АРМ милионски да се опремува, а има и неколку милијарди евра од долгорочни јавни инфраструктурни инвестиции што ќе треба да се реализираат, но ќе треба да се направи прилично „виткање“ на пропозициите и законите за да се избегнат поевтините понуди. Гледаме – а и слушавме! – како со Кинезите добро ни одат тие работи. Како ќе се „вклопат“ Французите во тие проекти – преку српски фирми, на пример? А каде се тука другите регионални, европски и американски (и израелски) големи и мали играчи?

Прочитајте и...  ДУИ бара само премиер, Села албанска цела да е?!

Се гледа дека државниот врв на земјава си доби нова задача: полесно ќе биде да се разгледаат „новите“ критериуми од француската интегративна евро-методологија, но потешко ќе биде да откриеме има ли нешто, специфично, што ги „боли“ Французите во Македонија? Оти, тоа ви е така во овие работи: и да немало, сега ќе се сетат дека има.

Извор: Цивилмедиа.

Прочитај повеќе

Кој се плаши од средната класа?

Данела Арсовска

ДУИ бара само премиер, Села албанска цела да е?!

Соња Христовска Угриновска

ДАЛИ НИ СЕ ПОДГОТВУВА НОВА КАТАСТРОФА? Во Кина откриен случај на бубонска чума, издадено предупредување од трет степен

Слободен печат

ЕВРОПСКА ДРЖАВА НА РАБОТ НА БАНКРОТ: Поради кризата може да ја изгуби и самостојноста

Слободен печат

Полицијата влезе во Инфективната клиника во Косово: Пет пациенти починале за една ноќ, сите делеле еден респиратор? (ВИДЕО)

Слободен печат

Преполнет капацитетот на болницата во Нови Пазар: Дете прима инфузија на скалите од задниот влез (ФОТО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Анти Ковид 19 правила за на плажа: Без дружби, на 6 метри дистанца!

Демократија или диктатура, за што сме?!

Филипче: Почина првиот доктор од компликации на коронавирусот

Слободен печат

Доверителите си враќаат половина од вложеното

Соња Кириџиевска

И осличот од Аргентина е домашен, ако е спакуван кај нас

Заев: Очекувам победа и стабилна коалиција

МИА агенција