Што прави денеска: Ненад Ѓоргиевски, телевизиски и радиоводител

Ненад Ѓоргиевски/ Фото: Приватна архива

Еден од најпрепознатливите гласови во радискиот етер и на телевизија, секако му припаѓа на водителот Ненад Ѓоргиевски, кој зад себе има долгогодишна плодна кариера. Ненад во моментов е дел од водителската екипа на емисијата „Утринска на Телма“, а секој работен ден ја води емисијата „Во движење“ на Македонско радио 2.

Ненад има и своја продукција за аудио и видео,  за снимање реклами, а продуцира и емисии. Ненад е познат и по караоке забавите што ги прави, кои се претвораат во вистинско шоу.

Ненад Ѓоргиевски/ Фото: Приватна архива

Ненад ни раскажа како се одвива едно негово секојдневие.

„Денот ми започнува во околу 5 часот наутро. Се подготвувам и излегувам од дома, со оглед на тоа што во 6.50 часот започнува утринската програма на Телма.

Многумина ме прашуваат како успевам да функционирам толку рано, но мене ова воопшто не ми претставува проблем.

Откако станав татко, будењето рано наутро ми стана рутина.

Освен тоа, вистинско задоволство е да се избегне сообраќајниот хаос по скопските улици, кој ретко се слчува пред 7 часот.

Првото утринско кафе најчесто го пијам на програма, во живо, во друштво на гледачите.

Кога сум во телевизија, утрата ми се динамични, исполнети со дружби и контакти со колегите и со гостите во емисијата.

Ненад Ѓоргиевски/Фото: Приватна архива

По завршувањето на работните обврски во телевизија, во 15 часот започнува мојата радиоемисија „Во движење“ на Македонското радио 2. На оваа фреквенција се дружам со слушателите секој работен ден.

Некаде околу 17 часот сум дома. Штом заѕвонам на ѕвончето, на влезната врата ме пречекуваат буквално сите – близнаците, сопругата, кутрето.

По ручекот следува дружба со близнаците. Тие сега се на зимски распуст, паузираат и со вонучилишните спортски активности па задолжително е да поминеме време со коцките „Лего“, плеј-стејшнот или, пак, да изиграме неколку партии „Не лути се човеку“.

Ненад Ѓоргиевски/Фото: Приватна архива

Во 20 часот Иво и Љупка се заспани, а со сопругата знаеме да се почестиме со чашка вино и добар филм или серија.

Пред пандемијата, многу често попладнето беше резервирано за дружби со пријателите, но за жал, овие „седенки“ станаа поретки, особено со доаѓањето на зимските месеци.

Ова е шаблонот за работните денови, додека викендите се речиси секогаш резервирани за престој во природа, најчесто во нашата викендичка, каде што уживаме во чистиот воздух и простор без бетон и автомобили.“

Ненад Ѓоргиевски/Фото: Приватна архива

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот