Што прави денеска: Ана Стојаноска, професорка и поетеса

Ана Стојаноска / Фото: Приватна архива

Ана Стојаноска е една исклучителна жена, која по професија е театролог, писателка и редовна професорка на ФДУ. Активно се занимава со истражување и проучување на драмата и театарот. Стојанова специјализирала театарска музеологија.

Делата „Јас и Лин, отпосле“, „Ние“, „Лебед“, „Дијалози во еднина“, „Трогледало“, „Потпис: Трепетлика“ и стотина други, ја турнале да биде и член на Друштвото на писатели на Македонија. Не сакајќи да се „вклопи“ во ниту еден жанр, пишува и проза и поезија и драмски текстови.

ана стојаноска
Ана Стојаноска / Фото: приватна архива

Како изгледа еден ден на Ана Стојаноска?

„Станувам рано, околу 6 наутро. Јогата ми е првата утринска активност со која се занимавам веќе дваесетина години. Потоа следува првото кафе и појадок. Најважната моја утринска активност е возењето велосипед. Велосипед возам постојано (единственото мое превозно средство), но наутро сакам да ги извозам моите 30-40 км пред да го почнам денот.

ана стојаноска
Ана / Фото: Приватна архива

Бидејќи сум мајка на едно дете, мојот 12-годишен син, дел од моите дневни активности му е посветен и нему. Подготовка на појадок, утрински разговори, бидејќи е сега на распуст, повеќе е посветен на видеоигрите, така што дружењата ни продолжуваат попладне кога гледаме некој филм заедно или одиме на прошетка покрај Вардар.

ана стојаноска
Ана / Фото: Приватна архива

Бидејќи сакам секој ден да го доживувам како еден и единствен, рутината ја заменувам со инспиративни промени, најчесто водејќи се од максимата што сакам да правам во мигот – да пишувам, читам, готвам, месам, се дружам со драги луѓе. Она што е постојано е музиката, што и да правам таа е мојот постојан придружник. Сакам да слушам музика постојано, независно што и да правам друго во денот.

ана стојаноска
Ана / Фото: Приватна архива

Дел од рутината во работните денови се обврските кон студентите и Факултетот за драмски уметности каде што работам. Часовите, поради пандемијата ги одржувам онлајн, па работниот ден ми е посветен на подготовка, комуникација со студентите од сите три циклуси, научни истражувања и сѐ она што го бара мојата професија.

Ана Стојаноска / Фото: Приватна архива

Бидејќи истовремено сум и професорка, но и писателка и теоретичарка, наоѓам во секој дел од денот време за секоја од овие активности. Денеска, на пример, најмногу ќе му се посветам на пишувањето. Кога пишувам активно знам да се исклучам од сѐ и да пишувам каде и кога ќе стигнам. Минатиов период напишав еден учебник и една монографија (се надевам ќе бидат објавени во тековната година), па сега сум повеќе фокусирана на најновиот роман што го пишувам. Секој ден гледам да е според она што во мигот треба да го правам, не се ограничувам, ниту оградувам од предизвиците на денот и светот околу мене“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот