Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?

netflix
Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд? / Фото: Принтскрин/IMDB

Како и секој петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?“.

Викендите се секогаш резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои со сигурност нема да ве остават рамнодушни.

Heartstopper – Серија на „Netflix“

Приказна за двајца британски тинејери Чарли и Ник кои учат во гимназија. Постепено откриваат дека нивното неверојатно пријателство може да прерасне во нешто повеќе се обидуваат да навигираат помеѓу училиштето и љубота.

Жанр: драма / IMDB оценка: 9.1 / Rotten tomatoes рејтинг: 98%

Maixabel – Филм на „HBO“

Единаесет години откако нејзиниот сопруг е убиен од баскиската група ЕТА, Меиксабел Ласа се согласува да се сретне со еден од убијците кој е во затвор, во обид да најде некакво објаснување.

Жанр: драма / IMDB оценка: 7.2 / Rotten tomatoes рејтинг: 100%

Better Things – Серија на „HBO“

Самохрана мајка ги одгледува своите три ќерки во Лос Анџелес. Таа е и мајка и татко додека паралелно се обидува да се справи со притисокот од работата во Холивуд. Нејзиниот живот е интересен за гледање, но не и за живеење (освен, понекогаш).

Жанр: комедија/драма / IMDB оценка: 7.8 / Rotten tomatoes рејтинг: 98%

The Mystery of Marilyn Monroe: The Unheard Tapes – Филм на „Netflix“

Животот и прераната смрт на американската актерка и кулна икона Мерелин Монро предизвикуваше заговори и гласини со децении, честопати засенувајќи го нејзиниот талент и остроумност. Приказ на она што вистински се случувало во нејзините последни недели, денови и часови низ архивски снимки и невидени интервјуа со пријателите на ѕвездата.

Жанр: документарен филм / IMDB оценка: 6.6 / Rotten tomatoes рејтинг: 20%

 

Доколку не се инспириравте од овие предлози, ѕирнете ги насловите од минатите препораки ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот