Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?

Netflix
Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд? / Фото: Принтскрин/ИМДБ

Како и секој петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?“.

Викендите се секогаш резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои со сигурност нема да ве остават рамнодушни.

Standing Up – Серија на „Netflix“

Четворица пријатели, Незир, Аисату, Блинг и Аполин ризикуваат се во обид да успеат во светот на стенд ап комедијата. Сцената што ги поврзува сите е клубот „Дрол“ чија верна публика им влева надеж дека токму тие ќе го насмеат светот. Приказна за преминот од работ на преживување до вирална слава!

Жанр: драма/комедија / IMDB оценка: 7.3 / Rotten tomatoes рејтинг: /

Drive My Car – Филм на „HBO“

Вдовец во поодмината возраст и актер си бара личен возач. Актерот му се обраќа на својот механичар за помош, кој на крајот му препорачува 20-годишна девојка. И покрај првичнио сомнеж, меѓу двајцата се развива многу посебен однос.

Жанр: драма / IMDB оценка: 7.3/ Rotten tomatoes рејтинг: 97%

Julia – Серија на „HBO“

Преглед на животот на бестрашната готвачка и авторка на книги за готвење Џулија Чајлд. Самоуверената Чајлд била пионер во готвачките емисии, за време на еволуционото време во американската историја.

Жанр: биографија/драма / IMDB оценка: 8.5/ Rotten tomatoes рејтинг: 100%

Return to Space – Филм на „Netflix“

Aмерикански документарен филм кој ја следи дводецениската мисија на Илон Маск и инженерите на „SpaceX“ да ги испратат астронаутите на НАСА назад во Меѓународната вселенска станица и да го револуционизираат вселенското патување.

Жанр: документарен филм / IMDB оценка: 7.1 / Rotten tomatoes рејтинг: 80%

 

Доколку не се инспириравте од овие предлози, ѕирнете ги насловите од минатите препораки ТУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот