Шпанија: Регионалната Влада во Мадрид ја обжали одлуката за нов карантин на главниот град

Фото: EPA-EFE/David Fernandez

Регионалната Влада на Мадрид поднесе жалба против одлуката за делумна блокада на шпанскиот главен град на неколку часа пред рокот за воведување на нови рестриктивни мерки што вечерва треба да стапат во сила.

Во жалбата се бара од судиите на Националниот суд да забранат ограничување на движењето, собири и трговија, со аргументи дека наредбата на централните власти ги крши законите за регионална самоуправа и предизвикува целосно неоправдана економска штета.

Стапката на зараза со коронавирусот во Мадрид е 659 случаи на 100.000 жители, што е двојно повеќе од националниот просек во Шпанија, кој изнесува 274 случаи на 100.000 жители и седум пати е над европскиот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот