Шолц: Ќе одлучам дали ќе учествувам на самитот на Г-20 ако присуствува и Путин

Олаф Шолц, германски канцелар/Фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Германскиот канцелар Олаф Шолц, и покрај војната меѓу Русија и Украина, се изјасни за зачувување на Г-20.

Во овој формат на 20-те најмоќни земји во светот учествува и Русија и на состаноците доаѓа претседателот Владимир Путин.

Германскиот канцелар денеска изјави дека наскоро ќе донесе одлука дали ќе учествува на самитот на Групата 20 во Индонезија во ноември, доколку присуствува и рускиот претседател Владимир Путин.

„Едно е јасно – Г-20 сепак мора да ја има својата улога”, рече Шолц во изјава за јавниот сервис ЗДФ.

Тој пренесе дека постои заедничко верување на членките на Г7 дека Г20 не смее да се „торпедира”.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе им се обрати на лидерите на Г7 преку видео повик на самитот во Германија.

Лидерите на Групата седум најбогати демократии вчера го започнаа тридневниот самит со цел, како што беше најавено, да го зголемат притисокот врз Русија, чии акции во Украина создадоа недостиг од храна и енергија ширум светот.

На самитот учествуваат лидерите на САД, Германија, Франција, Велика Британија, Италија, Канада и Јапонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот