ШОКАНТНА ПОРАКА на познатиот рапер: Застрелајте ги белците (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Шведскиот рапер со нигериско потекло објавил на својот Инстаграм профил, отворен само за мала група на луѓе, дека сите белци треба да се убијат и дека црната раса ќе победи.

„Ако некој белец или белкиња пробуваат да зборат с*ање за вас, застрелајте ги“, советува популарниот рапер и јутјубер, чиј профил е ЈЦБУЗ.

Се збори за шведски рапер со нигериско потекло, чие целосно име е Џес Екен Нвеке Конабл, но на социјалните мрежи е познат како ЈЦБУЗ. Како што пишува Спутник интернашнл, тој по пат на затворени групи на социјалните мрежи заговара расизам и повикува на убивање на белци.

Неговиот Инстаграм профил Барасварт, кој е достапен само за црнци, има неколку стотини следбеници на кои раперот им праќа пораки како „Црна моќ во Шведска“, „Е**ш белци“, а исто така ги повикува црните браќа и сестра „да ја продолжат војната“.

Според него, црнците ќе станат број еден во многу работи, а бидејќи белците ги земале црнците како робови, сега црната раса требала истото да го прави, односно да ги зема како робови и да се однесува уште полошо.

Тоа се само некои од пораките кои 22 годишниот рапер ги пренесува на своите 260.000 следбеници на социјалните мрежи.

Се наведува и дека тој емигрирал од Нигерија во 2008 година и дека сега има шведско државјанство, како и дека живее во градот Лунд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот