Шок во Серија А: Донарума оди во Јувентус?

EPA-EFE/FILIPPO VENEZIA

На овој трансфер инсистира менаџерот на голманот, Мино Рајола и тоа веќе неколку години. Според медиумите на Апенините, идното лето е идеално за конечно да се реализира овој трансфер бидејќи 20-годишниот голман на Милан тогаш ќе влезе во последната година од актуелниот договор.

„Росоњерите“ не се во можност да ги задоволат финансиските барања на Џанлуиџи Донарума за потпишување на нов договор, исто така не можат да му ветат дека ќе се борат за титулите поради неизвесната финансиска состојба која владее во клубот.

Во Јувентус со нетрпение го очекуваат летниот преоден рок кога ќе се обидат да дојдат до услугите на фантастичниот голман. Челниците на „старата дама“ планираат покрај одредена сума на пари на „Сан Сиро“ да испратат еден од двајцата дефанзивци, Мерих Демирел или Даниеле Ругани кои се интересни за Милан.

Милан летово се обиде да се договори со Јувентус за едногодишна позајмица на Демирел, додека Јувентус со евентуалниот ангажман на Донарума би го решил прашањето за голманската позиција за наредните десетина година и поради тоа италијанските медиуми сметаат дека шансите да се случи овој трансфер се големи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот