Шкупи ја урна Струга и е нов лидер во Првата фудбалска лига

фото: FC Shkupi

По четирите победи во низа, денеска актуелниот македонски шампион во Првата фудбалска лига, Струга Трим Лум загуби на гостувањето кај Шкупи со 2:0. За клубот од Чаир ова е петти триумф, трет по ред, за моментно прво место во генералниот пласман со 18 бодови, додека играчите на Шпетим Дуро по вториот пораз сезонава се четвртопласирани со 15.

На денешниот дуел Шкупи поведе од 52 минута со голот на Куевен, а потоа од 62 минута црвен картон доби Георгиевски кај гостите, по што беше доделен удар од белата точка за домаќините, но истиот не го реализираа преку Трапановски. Воша ги реши сите дилеми околу победникот поставувајќи го конечниот епилог во 90 минута.

Немаше голови на мечот Брегалница Штип – Вардар (0:0), додека Гостивар ремизираше 2:2 со Шкендија. Атиемвен во 12 минута донесе радост за Гостивар, потоа за нов егал се погрижи Тотре од пенал во 24 минута. Пред паузата домашната екипа повторно беше во минимална позитива благодарение на Потук, но тетовските „црвено-црни“ не дозволија на крајот да бидат поразени и дојдоа до бод кој го донесе Цаке во 89 минута.

Работнички славеше (1:0) над Тиквеш со голот на Мазари во 21 минута, а Силекс со 4:2 го надигра составот на Воска Спорт. Први до предност дојдоа гостите од осмата минута кога стрелаше Марушиќ, но потоа следуваше пресвртот на клубот од Кратово. Најпрвин имаше израмнување во во 18 минута преку Каланоски, а следните два погодоци на Силекс беа дело на Ѓорѓиевски во 30 и 39 минута.

Каланоски својот втор гол на мечот го запиша на стартот од второто полувреме, во 48 минута, кога ја зголеми позитивата на 4:1, а и Марушиќ кај гостинскиот тим по вторпат се запиша во листата на стрелците во 61 минута.

ПМФЛ, деветто коло, резултати:
Брегалница Штип – Вардар 0:0 (0:0)
Гостивар – Шкендија 2:2 (2:1)
Работнички – Тиквеш 1:0 (1:0)
Шкупи – Струга 2:0 (0:0)
Силекс – Воска Спорт 4:2 (3:1)

Табела: Шкупи 18 бодови, Шкендија 17, Силекс 16, Струга 15, Брера Струмица 14, Тиквеш 13, Работнички 13, Македонија ЃП 11, Брегалница Штип 10, Воска Спорт 10, Гостивар 7, Вардар 5.

ПМФЛ: Попзлатов jа „сруши“ Брера во Ѓорче

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот