Шилегов: Годинава ќе започнеме постапка за реорганизација на јавниот транспорт

Во Ѓорче Петров веќе имаме лоцирано една парцела што ќе биде блиску до локацијата каде ќе треба да се изгради новиот клинички центар и во потрага сме и работиме заедно со општина Гази Баба на влезот на таканаречената источна порта. Во Град Скопје дневно влегуваат околу 40.000 возила, 22.000 на западната порта, 18.000 на источната порта кај Автокоманда, одговори денеска Петре Шилегов на советничко прашање поврзано со проектот „Паркирај-вози” од советничката Јелена Жугиќ.

– Во фаза сме на прибирање на тие работи, верувам дека ќе успееме во текот на оваа година да започнеме постапка за реорганизација на јавниот транспорт. Дел од таа прикаска е јавниот транспорт да го направиме лесно подобен и евтин за тие што влегуваат во градот и да можат да го користат и кога ќе влеземе во тој еден систем пратечката активност ќе биде „Паркирај-вози”. Не можете во моментов на самата локација само да ги изолирате тие како такви, е покомплексно, но создаваме една сериозна дата база да се влезе во имплементација на таа програма – рече Шилегов.

Потсети дека есента во соработка со „Македонски железници” го промовирале потенцијалниот иден воз и изработиле проект за движење од Драчево до Ѓорче Петров, со осум попатни станици.

– Во визијата за развој на Скопје, имајќи го предвид просторното ограничување на Скопје, градот сакале ние или не ќе се движи према север, пратејќи ја пругата. Сите современи градови во Европа што го планирале својот развој најпрво го решаваат прашањето за економичен, брз јавен транспорт. Овој дел каде што и сега градот развива булевари е идниот простор за развој на нашиот град, а се наоѓа непосредно кон пругата што може лесно да се трансформира од железничка или да остане и железничка, но и да служи за идниот градски воз за кој јас исто така во текот на кампањата сум зборувал – рече Шилегов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот